Вториот сет на мерки најавени од Владата се со многу нејаснотии, а условите се крајно неповолни за текстилниот сектор па оттука и мерките се речиси невозможни за користење, соопштуваат членките на Текстилен кластер.
Од таму велат дека нејасно е кој се е опфатен во сетот на мерки, дали истите важат и за заштитните друштва, што со оние работници кои заминуваат во пензија или со оние работници кои сами по своја волја ја напуштаат компанијата? Како во вакви случаеви ќе се одржува бројот на вработени? Како сето тоа ќе влијае на приходите, како истите ќе се евидентираат и зошто компанија со пад на приходи од ‘’само’’ 29% е осудена на пропаст? Понатаму, што со оние компании кои поради случај на заболен со корона вирус се затвараат во целост? Во таа насока Текстилниот кластер ја поддржува мерката од 14.500 денари по работник, но бара итна пормена во делот на условите:
1. Условот : Мерките ќе важат за компании кои имаат пад на приход од над 30% за 2020 год
во однос на просекот од претходната година, да биде отстранет за да може сите компании
да ја користат Мерката 1, на ист начин како што и сите административни работници ќе
примаат плата во целост.
2. Условот: Работодавачите имаат обврска истиот број на вработени што го имале во
моментот на аплицирање да го задржат заклучно со месец септември 2020 година, да не
важи за текстилните компании кои што се трудоинтензивни и со многу вработени и каде и
во нормални услови постојано се присутни осцилации во борјот на вработени.
Воедно, алтернативната мерка од 50% субвенција на придонеси наместо покривање на нето
плата да биде сменета во субвенционирање на 100% од придонесите наместо покривање на нето
плата, за да како таква биде навистина корисна за стопанството.