Работодавачите од текстилната индустрија сакаат да го подобрат имиџот во јавноста и тврдат дека не се газди кои само сакаат да се богатат. Се пожалија дека по воведувањето на минималната плата практично станале социјални претпријатија.
Доведени се во ситуација да земаат кредит за да обезбедат плати за работниците. Но, тврдат дека ни им треба поддршка за минималната, туку за повисоките плати,
„Во јавноста само се зборува газдите само сакаат да се богатат 80% оди за плати ние сме социјални претпријатија“ – вели Марјана Перковска, претседател на кластерот за текстил.
Откако Уставниот суд ја укина нормата за работниците текстилците тврдат дека над 5.000 лица може да останат без работа. Повторно побараа државата да им плаќа 50% од придонесите, а тие пари ќе влезат во платата на работниците. Работодавачите велат дека Владата мора да ги забрза реформите во економијата.
„Таа троши многу време за решавање на други проблеми, но, реформите во економијата не може да бидат спори.“ – вели Ангел Димитров, претседател на Организацијата на работодавачи
Во текстилната индустрија работат 35.000 лица. Според статистиката производството на облека во првите четири месеци од годинава е намалено за четири отсто.