Економија 31. мај 2019. / 21:39

ТЕЦ Неготино се подготвува за Парадата на гордоста во Скопје – автобуски превоз за заинтересираните вработени

ТЕЦ Неготино се подготвува за Парадата на гордоста во Скопје – автобуски превоз за заинтересираните вработени

Автобуски превоз до Скопје и назад ќе обезбеди ТЕЦ Неготино за сите кои сакаат да учествуваат на Парадата на гордоста што ќе се одржи на 29 јуни во Скопје, пишува Експрес.мк.

-Почитувани вработени, АД ТЕЦ Неготино, ве известува дека на Геј парадата која ќе се одржи на 29 јуни во Скопје, нашата фирма обезбедува автобуски превоз. Сите вработени кои што се заинтересирани од понеделник да се пријават во фирмата кај организаторите на списокот за евиденција.

Ова покрај другото се истакнува во соопштението од државната ТЕЦ Неготино, за организацијата на геј парадата.

– Нашата фирма со големо задоволство ги поддржува настаните од ваков карактер, се вели во соопштението до вработените.