Економија 09. април 2020. / 13:02

Светска банка финализира програма за помош од околу 140 милиони евра на земјава

Светска банка финализира програма за помош од околу 140 милиони евра на земјава

Светска банка ја финализира програмата на активности за помош на земјава за справување и намалување на влијанетоод коронакризата.

Помошта, како што наведува групацијата во најновиот извештај, е околу 140 милиони евра.

– Помошта вклучува и нов брз проект како одговор на итните приоритети во здравствениот сектор, но и за заштита на приходите на домаќинствата, како и реструктуирање на веќе одобрени проекти за мобилизирање на средства за поддршка на малите и средни претпријатија.  Се очекува овие програми да изнесуваат околу 140 милиони евра, стои во објавениот извештај на Светска банка.