Економија 04. октомври 2018. / 16:53

СВ Инвест “на Вицeто“ ќе добие 18 милиони од РЕК без тендер?

СВ Инвест “на Вицeто“ ќе добие 18 милиони од РЕК без тендер?

Огромен скандал поврзан со трошењето на државните пари на повидок во РЕК Битола.

Од ЕЛЕМ на РЕК Битола во ист дем му дале согласност за две идентични набавки за услугата „техничко чистење на ПЕ Рудници“, она што е скандалозно што едната набавка ќе биде отворена преку јавен тендер кој е објавен јавно на сајтот за јавни набавки, а втората ќе биде спроведена во четири очи со компании на кои им е испратено барање а понуда треба да достават најдоцна до утре во 11:00 часот.

Останува нејасно зошто за истата набавка се отвораат две постапки. Онаа јавната, која ќе оди на тендер, според проценките објавени на сајтот за јавни набавки е проценета на околу 42 милиони денари.

Економски Лидер од свои извори, дознава дека понудата за набавката во четири очи ќе вреди 18 милиони денари, а како што неофицијално и непотврдено дознаваме, неа ќе ја добие компанијата „СВ Инвест“ која е поврзувана со името на Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев.

Претходно, лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски на прес конференција откри дека камиони од струмичка компанија во сопственост на Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев, со налепници токму од битолската компанија “СВ Инвест”, се ангажирани за превоз на јаглен во РЕК Битола.