Mинистерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, при посета на Арачиново изјави дека во целата држава во последните 30 години немало изградено, како што се градело во делот на инфраструктурата во изминатите три години.
Тој додаде дека и покрај здравствената криза е задволен од начинот на кој се реализираат капиталните инвестиции и согласно податоците кои ги добива очекувал вториот квартал да биде завршен со колу 25 проценти, а до крајот на градежната сезона во целост да биде реализиран голем дел од проектите.
Тоа во секое време преку бројки можам да го докажам. Не со паушални прозивки, туку со практични дела. Имаме направено преку 500 километри водоводи и канализации за две и пол години, огромна реконструкција на патишта. Не постои плански регион од осумте каде не се гради и не се реконструира – изјави Сугарески.
Тој нагласи дека од страна на изведувачите бил информиран дека динамиката на изградбата на канализацијата во Арачиново тече одлично и дека повеќе од 55 проценти се веќе реализирани.
Иако рокот за изградба е предвиден до март наредната година, се очекува до октомври или до ноември годинава во целост да биде завршен проектот. За Арачиново преку Министерството за транспорт и врски и Светска банка, заедно со Владата доделени се средства во износ од околу 600 илјади евра кои ќе треба да бидат искористени за изградба на локални патишта и улици. Укажавме дека проектите за локални патишта и улици треба што побрзо да бидат доставени до Министерството за да ги одобри банката и да може да дојде до целосна нивна имплементација – изјави Сугарески.