Економија 31. август 2020. / 15:33

Странските директни инвестиции во минус – капиталот се одлеал

Странските директни инвестиции во минус – капиталот се одлеал

Странските директни инвестиции во минус во вториот квартал годинава. Наместо да има прилив регистриуран е дури одлив на капитал од земјава во месеците април, мај и јуни.

Лошата статистика ја објави Народната банка која одатоците за странски инвестиции ги објавува по истекот на тримесечјето.

Во текот на вториот квартал од 2020 година, вкупните директни инвестиции во земјата бележат нето-одливи од 9,3 милиони евра.

Упатените коментираат дека овие бројки се показател дека економските политики на Владата предводена од СДСМ не само што не носат резултати туку се и контрапродуктивни.