Стопиран платниот промет во земјата и во странство преку Македонска пошта.
Директорот Ејуп Рустеми за Сител вели дека од утринава граѓаните и правните лица кои сакаат на вршат уплати преку Пошта, не можат да го сторат тоа, затоа што имаат склучено договор со Еуростандард банка.
Со пропаѓањето на Еуростандард, се додека не се склучи договор со друга банка, не смее да врши платен промет. Како ќе продолжат со работа, ќе одговарат попладнево на прес конференција.
Укинувањето на платниот промет преку пошта го потврди и Гувернеркатана НБРМ Анита Ангеловска Бежовска. Таа остави простор во наредниот период Мкедонска пошта да склучи договор со друга банка и да продолжи да прави уплати.