Економија 05. јануари 2021. / 22:56

Србија го легализира тргувањето со дигитални валути

Србија го легализира тргувањето со дигитални валути

Србија донесе закон со кој се легализира тргувањето со дигитални валути. Законот стапи на сила на 29 декември, а ќе почне да се применува по шест месеци, со цел јавноста да се запознае со негова примена.

Српскиот регулатор за хартии од вредност прв го објави нацрт-законот во октомври, наведувајќи дека има намера да го отвори секторот за пазари на капитал во земјата и да им дозволи нови можности на своите граѓани. Законот е предложен од Регулаторот во соработка со Народната банка на Србија, Министерството за финансии и Министерството за економија.

Српскиот Сабор го усвои нацрт-законот во ноември, како што открија локалните медиуми.

-На овој начин, ние се стремиме да одиме во чекор со современите трендови во глобалниот, дигиталниот и електронскиот бизнис и да останеме во чекор со меѓународните стандарди во борбата против криминалот и спречувањето перење пари, рекоа тогаш законодавците.

Законот сега официјално стапи на сила. Во своето соопштение за печатот, ДИК откри дека законот е објавен во службен весник на 21 декември, а стапи на сила осум дена подоцна на 29 декември. Имплементацијата на законот ќе започне по шест месечниот грејс период.

-Наведениот закон регулира издавање на дигитален имот и секундарно тргување со дигитален имот во Република Србија, обезбедување услуги поврзани со дигитален имот, заложно право и доверливо право на дигитален имот, изјави ДИК, откривајќи дека ќе го спроведува законот во соработка со Народната банка на Србија.