Секој вработен на неопределено, определено време, како и работниците со скратено работно време, за месеците април и мај ќе добијат по 14.500 денари, изјави на денешната прес-конференције техничкиот министер Оливер Спасовски кој го претстави новиот сет мерки од кои, како што рече, оваа е најважна.
Фирмите кои ќе имаат проблеми треба да аплицираат за оваа помош до УЈП. Исто така може да се аплицира и за субвенционирање на 50% од придонесите во следните два месеци.
Ова се мерки кои ги помагаат сите кои се погодени од кризата. За секоја категорија стопански субјекти, за сите граѓани се креирани мерки кои ќе им овозможат полесно да ја надминат кризата. Директната помош од 14.500 помош за секој вработен за април и мај, од сите фирми, ќе ги спасува работните места, рече Спасовски.
Средствата ќе бидат исплатени по барање на работодавачите по три дена, а најдоцна исплатата ќе се врши до 13 – ти месецот, рече Спасовски.
Во врска со отпуштањата на работници за време на кризата премиерот ги повика работниците да не потпишуваат спогодбени договори.
Отпуштените работници за време на кризата во случај на невработеност според законот член 68 и врз основа на нивниот стаж ќе добијат финансиска помош и тоа ќе биде дел од мерките кои ќе се користат. Нема драстичен број на отпуштени, бројката не е голем и не е драстична како што некој сака лажно да ја прикаже состојбата. Упатувам апел да не се отпуштаат работници, и работниците да не потпишуваат спогодбени договори за отпуштање државата помага на работниците , а работниците да не потпишуваат, има закон кој ги штити и тие може да не одат на работа и да користат 50 или 70 посто од платата, изјави Спасовски .