Економија 29. јуни 2020. / 23:31

Спасовски од Арачиново најавува една милијарда евра странски инвестиции

Спасовски од Арачиново најавува една милијарда евра странски инвестиции

Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски се обрати на вечерашната трибина во Арачиново, заедно со кандидатот за пратеник од СДСМ, Мухамед Зекири и кандидатот за пратеник од редовите на Движењето БЕСА, дел од коалицијата Можеме, Бастри Бајрами.

Ви оддавам признание бидејки одовде почна рушењето на режимот и одовде беше испратена пораката за единство, сплотеност и сите заедно да направиме подобро за нас и нашите деца. Ние од ИЕ 2 сме Македонија во мало и затоа ја имаме најглема одговорност во однос на изборите. Победата во Арачиново е победа и во ИЕ 2 и победа на Македонија со што ќе пратиме силна порака за единство, рече Спасовски.

Тој зборуваше за сработеното во изминатите три години и за новата програма што се темели на клучната цел за нова развојна економија и натамошна грижа за сите.

Најавуваме една милијарда евра странски инвестиции до крајот на мандатот, имаме најповолни услови за инвестирање во регионот и добри работници кои ќе работат за добри плати. Оваа изборна програма којашто ќе биде и владина програма ќе се потпира на проекти од економијата и на инфраструктура, бидеки немаме веќе отворени прашања, дражвата ја запишавме во картата на држави во светот. Ќе имаме нова развојна економија, обезбедуваме нови работни места. Обезбедуваме и над 600 милиони евра пари за поддршка на домашни и странски инвестиции, од коишто 300 милиони предвидуваме да бидат од буџетот, а 300 милиони од европските фондови, најави Спасовски.