Економија 21. декември 2020. / 00:00

Собранието го изгласа Буџетот за 2021 година

Собранието го изгласа Буџетот за 2021 година

Без присуство на опозицијата во Собранието со 62 гласа за пред полноќ беше донесен  буџетот за 2021 година.

За власта, Буџетот за 2021 година е развоен, скроен да одговори на сите предизвици од коронакризата, но и да обезбеди реализација на капитални инвестиции и економска стабилност.

Пратениците од опозицијата и од македонскиот и од албанскиот блок ја напуштија салата иако истите активно учествувааа во дебатите и на комисиската расправа и на пленарната седница. За новиот Буџет сметаат дека е магаломански и нереалеален, а со него, нема да се обезбеди финансиска консолидација, туку ќе се зголеми јавниот долг кој би достигнал 67 проценти.

Вкупните приходи на Буџетот за 2021 се планирани на ниво од 212,6 милијарди денари, додека расходите на 247,5 денари. Проектираниот дефицит е 34,9 милијарди денари.