Јавното обвинителство ги отфрли полициските пријави против раководството на Макпетрол, откако пред нешто повеќе од две години беше спроведена истрага за работата на компанијата. Своевремено од Макпетрол се сомневаа дека станува збор за притисок заради превземање на компанијата.
ОЈО ја отфрли полициската пријава за Андреја Јосифовски, првиот човек на фирмата, но и уште против други 20, членови на Управен одбор, членови на надзорен одбор, како и лица од Централниот регистар, Централниот депозитар за хартии од вредност и од Комисијата за хартии, сите пријавени за злоупотреба на службена должност и овластување.
Инаку, станува збор за случајот со формирањето на командитното друштво со акции ОИЛКО. Полицијата практично ги товареше осомничените за незаконско прелевање на капитал од едната во другата фирма.
Со тоа практично се потврдува дека Оилко функционира легално и дека целата постапка за формирањето е легална, како што впрочем тврдеше тогаш и раководството на нафтената компанија дека со ова не е оштетен ниту еден акционер и дека пријавата е тенденциозна.