Економија 12. февруари 2020. / 20:14

Славевски: Реално е дека наредната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги зголеми платите за над 20%

Славевски: Реално е дека наредната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги зголеми платите за над 20%

Трајко Славевски, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата „Топ Тема“ зборуваше за економските мерки за кои ВМРО-ДПМНЕ вети дека ќе ги преземе и реализира кога ќе ја преземе власта.

Славевски зборуваше како ќе се реaлизира растот на платите и пензиите од 20-25 % за четиригодишен мандат.

Се работи за збирен раст, секоја година 5%, вкупно 4 годни. Ако наредната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ може да го искористи целокупниот свој мандат, тоа би значело дека платите ќе порасната за над 20 до 25 %. И тоа не е воопшто нереално, сосема е реално – истакна Славевски.

Тој во своето гостување зборуваше за стапката на раст и ако во првите две години се оствари стапка на раст од 4 % и ако се додаде номинално зголемување од инфлацијата 5% е сосема достижно за разлика од некои таргети кои уште ВМРО-ДПМНЕ во почетокот кога беа најавени ги критикуваше.

Според него овде станува збор за просечната плата од 500 евра што не се реализира, минимална плата од16 000 денари што е далеку од реализација.