Економија 24. октомври 2019. / 21:56

Славески: Повеќе од јасно е дека годинава никако не може да се нарече економска

Славески: Повеќе од јасно е дека годинава никако не може да се нарече економска

Според економските параметри на државата повеќе од јасно е дека 2019 година не може никако да се нарече економска година, изјави членот на извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ и универзитетски професор Трајко Славески во емисијата  „Што не е јасно“ на телевизија Алфа.

Славески истакна дека за тоа зборуваат и падот на прометот на индустријата , очајно слабата реализација на капитални инвестиции заклучно со месец Август и другите негативни економски параметри со што Македонија не може да се надева дека ќе има добри економски резултати или онакви какви што ветуваше владата.