Огромното потфрлање на Владата во капиталните инвестиции се главната причина за слабите пероформанси на македонската економија. Народната банка ја намали проекцијата за раст на економијата за годинава на 2,3 отсто од претходно проектираните 3,2 насто. НБРМ оцени дека е намален политичкиот ризик, но дека опоравувањето ќе биде следната година за кога очекуваат забрзување на капиталните инвестиции.
-Еден од клучните ризици продолжува да биде инвестициската акивност. Ние се уште за третиот квартал предвидуваме пад на инвестициите и постепено влегување во позитивна зона дури во четвртиот квартал…За годината во целина предвидуваме пад на инвестициите, а на годишна основа остварување на позитивни стапки во 2019 година- изјави, Анита Ангеловска Бежоска
Гувернерката пак во однос на растот на јавниот долг кој во третиот квартал достигна 48,2 отсто од БДП, вели дека не е еден од ризиците за економијата. Таа и порача на Владата да внимава на неговата одржливост, за што е потребна и фискална консолидација.
-Поаѓајќи од фискалната стратегија на министерството за финансии која што значи постепено намалување на буџетскиот дефицит што е предуслов за да може да има намалување и на јавниот долг, бидејќи извозот кој што е потребен за да се обезбеди преку задолжување колерила и со износот на буџетскиот дефицит- изјави, Анита Ангеловска Бежоска
Народната банка во есенската ревизија ги намали проекциите за раст на инфлацијата од 2% на 1,6%. Нагорна е проекцијата за раст на депозитите на 10,2%, и на кредитите за 8,4% годинава. Велат дека и натаму постои одредена неизвесност од продлабочување на политичката ситуација во земјава. За следната година НБРМ прогнозира раст од 3,5 проценти, за 2020 година од 3,8 проценти, а во 2021 година да достигне 4%.
Владата со ребалансот на буџетот ја намали проекцијата за раст на економијата од 3,2 на 2,8%, како резултат на слабата реализација на капитални инвестиции.
Извор: Алсат М