Економија 18. јули 2018. / 13:07

СКЗМ реагира на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам

СКЗМ реагира на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам

Стопанската комора на Северо-западна Македонија реагира на измените на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам кој го предлага Министерството за финансии.

Сметаат дека овој Закон со кој се предвидува забрана за плаќање со готовина во износ од 2.000 евра или повеќе е прениска сума и додаваат дека во европските директиви забрана е определена на износ од 10.000 евра или повеќе.
Појаснуваат дека овој закон значително ќе донесе законодавни импликации и ќе влијае на деловното работење на бизнис секторите.

СКЗМ направи и анализа на законодавството на ЕУ и на земјите кандидати и таму јасно се гледа дека Македонија не се послужила со практиката на ЕУ, бидејќи таму максималниот износ на плаќање со готовина ја достигнува вредноста од 10.000 евра. Ова драстично намалување од 15.000 на 2.000 евра ќе го отежнат правењето на бизнис во земјата.