Економија 29. февруари 2020. / 15:43

Синдикатот за образование незадоволен од платите

Синдикатот за образование незадоволен од платите

Независниот синдикат за образование и наука (НСОН), кој пред две години е основан за заштита на правата на наставниците во основното образование, денеска на второто годишно собрание соопшти дека неговите членови се незадоволни од платите.

Почетната плата на просветните работници е под републичкиот просек, не добиваат додаток за годишен регрес, а недостасува и додатокот за патни трошоци за вработените што работат во рурални средини и тие имаат големи трошоци за транспорт – изјави Томислав Гиевски, претседател на НСОН.

Во претстојниот период, рече, ќе имаат засилени активности за да го зголемат членството и да постигнат репрезентативност што на овој синдикат ќе му овозможи да го промени колективниот договор од 1995 година.

Во однос на правната регулатива, во досегашните активности нашиот синдикат затекна многу неправилности, мобинг, дискриминација, силно партиско влијание, кое се бориме да го откорнеме од секторот образование – истакна Гиевски.