Синдикатот на Македонска пошта вели дека стечајот на Еуростандард банка сериозно го наруши финансиското работење на компанијата.
Вработените стравуваат за своите работни места и за егзистенцијата на своите семејства. Бараат од владата ова прашање да биде приоритетно и да се донесе одлука за отпочнување на преговори со нова банка дека финансиските штети се веќе огромни. Синдикалците бараат итна средба со премиерот Зоран Заев.