Економија 23. март 2020. / 13:32

Се укинува царината за средствата за дезинфекција и заштитна опрема

Се укинува царината за средствата за дезинфекција  и заштитна опрема

Владата ќе донесе одлука за ослободување од плаќање на царина на суровини за медицински цели, најави директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски.

„Од плаќање на царина ќе бидат ослободени средствата за дезинфекција, заштитни маски и ракавици, очила и друга заштитна опрема“, рече тој, додавајќи дека олеснувања на царинската процедура ќе има и за снабдувањето на етилалкохол.