Економија 22. ноември 2018. / 17:36

Се продава млекарницата „Здравје Радово“ на Орце Камчев

Се продава млекарницата „Здравје Радово“ на Орце Камчев

Најголемата млекарница во Македонија „Здравје Радово“ е на продажба, откако извршител на 16-ти месецов влегол во компанијата и извршил заплена на сопственичкиот удел, пишува АлсатМ.

Продажбата ќе ја прави НЛБ Тутунска банка, од каде што „Здравје Радово“ земало кредити без да ги врати, а огласот ќе биде објавен и во дневните весници. Според документ објавен во Централниот регистар, компанијата должи 4 милиони и 300 илјади евра како главен долг, 20 илјади евра камата и 9 илјади евра трошоци за извршител.

Како сопственици во млекарницата се јавуваат две фирми – 99% се во сопственост на Земјоделкиот комбинат Пелагонија, а 1% поседува компанијата Пелагонија Енерџи ДООЕЛ.

Сопственици на ЗК Пелагонија се Орка Холдинг на Орце Камчев, Цветан Панделевски и контроверзната оф шор фирма „Ексико“, двајцата притворени за случајот „Империја“ на СЈО во кој се товарат за злосторничко здружување, оштетување и повластување на доверители, злоупотреба на службена положба, измама и перење пари.

Летово, Собранието на акционери на земјоделскиот комбинат најави дека продава удели во неколку фирми, меѓу кои и Пелагонија Енерџи ДООЕЛ. На продажба беше ставен единствениот удел од 100 проценти за цена не помала од 8,5 милиони евра.

Преземањто на „Здравје Радово“ почна во 2015 година, кога Камчев и Панделевски станаа малцински акционери. Потоа, во 2017 година ЗК Пелагонија ја купи во целост млекарницата за 12,6 милиони евра, однсоно Камчев и Панделвски си ги продале сами на себе акциите на нивната ЗК Пелагонија.

„Здравје Радово“ има погони во Битола, Куманово и Струмица и дистрибутивни центи во скоспко Трубарево и Битола, а вработува над 300 лица.

Извор: Алсат М