Економија 11. January 2019. / 14:11

Се откажа од нафтата: Мира Дизел доби субвенции за печка на пелети

Се откажа од нафтата: Мира Дизел доби субвенции за печка на пелети

Пратеничката од редовите на СДСМ, Мира Стојчевска која имаше скандалозна изјава кога се покачија цените на горивата како резултат на зголемената акциза за нафтата, дека врпочем зголемувањето на цените на нафтените деривати нема да ги погодат сиромашните, бидејќи тие и онака не возат автомобили сега се откажа од греењето на нафта, објави Вечер.

Имено таа во јавноста е позната по нејзиниот прекар Мира Дизел кој го доби благодарение на рекордните патни трошоци кои таа ги има како пратеник во Собранието, а сега можеби нејзиниот прекар ќе треба да претрпи мала промена.

Таа како и низа на други високи функционери на СДСМ се најде на листата на добитници на државни субвенции за печки на пелети во Делчево. На списокот за субвенции за печки за пелети се најдоа Илјо Стојчевски сопруг на пратеничката Мира Стојчевска, Кирил Тренцевски советник во советот на СДСМ и Член на централен одбор на СДСМ, Фиданчо Тренчевски татко на претседателот на младината на СДСМ Делчево, Влатко Даневски раководител на фондот за Здравство во Делчево, Венцислав Ѕабирски шеф на царина на Делчево и член на опстинската организација на СДСМ, царинарци и нивни блиски, сопруги, родители кои се активисти на СДСМ.