Портпаролот на СДСМ и пратеник на оваа партија Костадин Костадинов, истакна дека просечната плата откако сегашната Влада ја води државата, пораснала за повеќе од 2.000 денари, со што, како што вели Костадинов, не се точни нападите од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
-Ги реализираме мерките од Планот за живот за обезбедување на повеќе пари кај граѓаните, повеќе пари за работниците, земјоделците, војниците, полицајците, за повеќе пари во секое семејство.
За само две години, просечната плата според официјалните податоци на Државниот завод за статистика порасна за над 2.000 денари. Тоа е добар индикатор, работниците добиваат повеќе пари.
Просечната плата во септември изнесува 24.355 денари што е за 2.164 денари повеќе во однос на септември 2016 година, во времето на претходната на власт.
Забележан е раст на платите во сите сектори, вклучувајќи и приватниот сектор.
Растот на минималната плата на 12.000 денарија отвори спиралата на раст на платите за работниците во кожарската и текстилната индустрија, но и во други сектори.
Покрај платите, растат и пензиите, и пензионерите добиваат повеќе пари. Просечната пезнија во септември 2018 изнесува 14.500 денари што е речиси 1.400 денари повеќеотколку во септември 2016, во времето на претходната власт.
Трендот на раст на расположливиот доход во секое семејство дополнително ќе се интензивира со Буџетот за 2019 година кој обезбедува повеќе пари и поддршка за граѓаните. Платите и наредната година растат во сите сектори, вели Костадинов.