Економија 09. јануари 2021. / 10:00

СДСМ: Продолжуваме со засилена реализација на капиталните инвестиции

СДСМ: Продолжуваме со засилена реализација на капиталните инвестиции

Продолжуваме со засилена реализација на капиталните инвестиции во гасификација, железничка, патна и комунална инфраструктура, велат во утринското соопштение од владејачката СДСМ.

Од партијата  велат дека преку стратешката рамка „Акција 21“, Владата оваа година се фокусира на развој и унапредување на инфраструктурата.

-За реализација на капиталните инвестиции во делот на гасификација, железничка, патна и комуналната инфраструктура како и за изградба на социјални станови се предвидени 83 проценти од буџетот на Министерството за транспорт и врски, стои во соопштението.

Додаваат дека за изградба и рехабилитација на 400 километри патишта низ целата држава се инвестираат 840 милиони евра.

-За оваа година се обезбедени 937 милиони денари за изградба и реконструкција на канализациски и водоводни мрежи во општините, 615 милиони денари за изградба и санација на локални улици и патишта во општините. Со 35 милиони евра, средства добиени преку пренамена од ТАВ, ќе се финансираат 99 локални проекти во 75 општини.

Процесот на гасификација велат се реализира со одлично темпо. Гасоводот ја помина Битола и се гради кон Ресен и кон Тетово и Гостивар.

-Инвестираме и во обезбедување домови за граѓаните од ранливите категории. Во изградба се вкупно 576 социјални станови низ целата држава, се вели во партиското соопштение.