Економија 30. јануари 2021. / 10:30

СДСМ најавува бришење на каматите на долговите кон државните и општинските институции

СДСМ најавува бришење на каматите на долговите кон државните и општинските институции

Со петтиот пакет мерки за економски мерки продолжува грижата за граѓаните и компаниите погодени со кризата, се вели во утринското соопштение испратено од СДСМ.

Од партијата велат дека петтиот пакет економски мерки е во финална фаза, а веќе е донесена првата мерка, со која се укинуваат увозните давачки – царинските стапки, на одделни суровини и репроматеријали кои се употребуваат во преработувачката индустрија.

– Оваа мерка стапува на сила на 1 февруари, а компаниите ќе бидат ослободени од царинските давачки во висина од 7,1 милион евра за 71 одделни суровини, велат од СДСМ.

Во новиот пакет економски мерки, додааат од партијата, се разгледува бришење на каматите за долгови кон државните и општинските претпријатија и институции, како и за помош на тутунарите и поддршка за хотелиерите погодени од кризата.

– Со овие мерки се спасени стотици илјади работни места и се поддржани десетици илјади компании, за полесно да ја надминат економската криза, се вели во соопштението.

Од СДСМ потсетуваат дека минатата година преку четири пакети економски мерки, 1,2 милијарди евра завршиле како помош, кај граѓаните и компаниите.

-Речиси половина милион граѓани добија платежни картички, ваучери за туризам и финансиска поддршка, со цел да се стимулира приватната потрошувачка и да се зајакне куповната моќ на граѓаните, потенцираат од СДСМ.