Економија 18. април 2019. / 19:24

СДСМ: Исплатата на субвецнииите за тутнот е според календар за исплата на Програмата

СДСМ: Исплатата на субвецнииите за тутнот е според календар за исплата на Програмата

Исплатата на субвенциите за тутнот е согласно Програмата, ВМРО-ДПМНЕ да престане да бара алиби за извесниот пораз на изборите, реагира Социјалдемократскиот сојуз на Македонија преку соопштение.

-ВМРО-ДПМНЕ во паника од слабата поддршка од граѓаните, во секоја редовна и позитивна мерка бара алиби за извесниот пораз во недела. Исплатата на субвецнииите за тутнот е според календар за исплата на Програмата за директни плаќања и е во истиот период како и минатата година, лани на 17 ти, а оваа година на 16 ти април, а со единствена цел земјоделците субвенциите да ги добиваат тогаш кога им се најпотребни, пред почетокот на производствената сезона.

Откако со години ги малтретираше, понижуваше и уценуваше земјоделците, денес ВМРО-ДПМНЕ е против навремена и неселективна исплата на субвенциите.

ВМРО-ДПМНЕ да престане да бара алиби за бојкот на претседателските избори и да се подготви за пораз на претстојните локални и претседателски избори- наведе СДСМ во реакцијата