Економија 14. април 2020. / 09:30

СДСМ: И ММФ добро ги оцени економските мерки со кои се зачуваат 250.000 работни места

СДСМ: И ММФ добро ги оцени економските мерки со кои се зачуваат 250.000 работни места

„Економските мерки што ги спроведува Владата предводена од СДСМ за побрзо и полесно надминување на економските последици од коронавирусот,  се добро оценети и од страна на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Големиот пакет економски мерки на државата, кој обезбедува конкретна и навремена помош за над 35.000 компании и спасува 250.000 работни места веќе се реализира.“, велат од СДСМ.

„Поддршката што има за цел поефикасно справување со последиците врз економијата предизвикани од глобалната пандемија од коронавирусот, од 176 милиони евра е двојно поголема од првично предвидените.

Сите фирми погодени од кризата, поточно секој работник од државата добива по 14.500 денари, плата за април и мај.

Преку развојната банка веќе се реализираат бескаматните кредити наменети за фирмите погодени од кризата. Досега, се одобрени кредити со 0 отсто камата за 136 компании со над 1.700 вработени.

Поради големата заинтересираност, покрај првичните 5,7 милиони евра, Развојната банка стави на располагање дополнителни 8 милиони евра за бескаматни кредити за компаниите.

Продолжуваме со реализација на економски мерки и политики за зачувување на работните места и сигурни приходи за сите вработени се до надминување на кризата од коронавирусот.

За нас е важно секое работно место, секој работник и секоја компанија.“, соопштуваат од СДСМ.