Грижата и поддршката за работниците и унапредувањето на работничките права се приоритет на СДСМ и на институциите што ги предводи, велат од партијата во утринското соопштение.
Со процесот на измени на Законот за работни односи, велат од партијата, со кои недела станува неработен ден, ден за одмор за најголем дел од работниците, СДСМ реализира уште едно ветување од Програмата и овозможува поголема социјална еднаквост и заштита и унапредување на работничките права.
Додаваат дека Владата предводена од СДСМ спасила стотици илјади работни места во десетици илјади компании оо, како што велат, навремената и ефикасна помош, преку четири пакети мерки, во време на кризата предизвикана со корорнавирусот.
-Ја зголемивме минималната плата од 9 на 14.500 денари, а просечната плата изминатите години континуирано расте, во ноември лани се зголемила за седум отсто во однос на просечната плата во истиот месец претходната година, односно за 1800 денари, стои во соопштението.
Од СДСМ велат дека поддршката за стопанството, за работниците и граѓаните продолжува и со петтиот пакет мерки, кој е во финална фаза.