СДСМ утрово преку соопштение информира дека започна реализацијата на како што велат „големиот владин пакет“, првични економски мерки, во вредност од 200 милиони евра. Оттаму велат дека првите бескаматни кредити од Развојната банка, се веќе одобрени за 136 компании со 1.737 вработени.
Додаваат дека како одговор на големиот интерес за оваа мерка, Развојната банка обезбедила дополнителни 8 милиони евра коишто им се ставени на располагање на микро, малите и на средните претпријатија. Апелираат, фирите да покажат одговорност и солидарност, преку користење на мерките за поддршка и да ги задржат сите вработени.
-Со усвоените мерки коишто веќе се усвоени, државата спасува 250.000 работни места и помага на над 35.000 фирми, се вели во утринското соопштение на СДСМ.
Мерките велат ќе помогнат сите фирми погодени од кризата, поточно секој работник да добие од државата добива по 14.500 денари, плата за месеците април и мај.
Со измените на Уредбата за оваа мерка се трга условот управители и сопственици на бизнисите вработени во истите да не може да ја користат мерката. Бројот на вработени треба да се задржи 2 месеци по користење на мерката односно до јули 2020 година.
-На фирмите, како поддршка, им се нуди и опција да изберат помош за покривање на 50 отсто од трошоците за придонеси за секој вработен, велат од СДСМ.
Во изминатите две и пол години, велат од партијата, создадовме систем кој функционира и е во служба на граѓаните и нивните интереси. Од -1,8%, економијата порасна на +3,6% и оваа економска криза државата ја дочекува на нозе.