Економија 11. јуни 2019. / 19:02

Само во “Северна” има вакви огласи: Конфекциски техничар се бара за работа на позиција во администрација!

Само во “Северна” има вакви огласи: Конфекциски техничар се бара за работа на позиција во администрација!

Меѓуопштинскиот центар за социјална работа од Делчево, на страницата на агенцијата за вработување објави оглас кој сведочи за еклатантна партизација и вработување на нестручен кадар во администрацијата.

Имено, од оваа државна институција објавиле оглас дека вработуваат референт, административец, кој ќе добива плата од 14.000 денари. Но во огласот пишува дека е потребно вработениот да биде “конфекциски техничар”.

Каква врска има квалификуван шивач или шивачка со завршено средно образование со административна работа, останува нејасно.

Всушност, јасно е. Огласот е наместен. Огласот можете да го погледнете на следниот ЛИНК.