Економија 25. септември 2020. / 17:31

Револтирани тиквешки лозари тргнаа со трактори да го блокираат центарот на Кавадарци и општината

Револтирани тиквешки лозари тргнаа со трактори да го блокираат центарот на Кавадарци и општината
Илустрација

Лозарите од Тиквешкиот регион имаат голема мака, затоа што голем дел од родот им остана неоткупен.

Да биде маката на лозарите поголема се затвори најголемиот пункт за откуп на грозје. И околу 60 трактори останааа надвор со непредадено грозје.

Лозарите резволтирани од овој потег во знак на револт и огорченост тргнаа кон центарот на Кавадарци, а според најавите ќе протестираат со нивните трактори и приколки неоткупено грозје и пред седиштето на Општина Кавадарци.