Економија 22. јуни 2018. / 19:23

Рено инвестира една милијарда евра во електрични автомобили

Рено инвестира една милијарда евра во електрични автомобили

Францускиот производител на автомобили РЕНО, планира да ги зголеми производствените погони во градовите Клеон и Мобеж, каде од 2020 година ќе се произведуваат единствено електрични автомобили, како и автомобили на хибриден погон.

Слични проекти РЕНО имаше и со Јапонскиот производител НИСАН, чии крајни производи беа Renault Zoe и Nisam Leaf. Во тек се преговори и со МИЦУБИШИ, исто така во доменот на производство на електрични автомобили.

Од 2022 година, РЕНО планира да пушти во продажба 8 нови модели со електричиен погон, и 12 модели на автомобили со хибриден погон. Меѓу нив, посебна атракција очекуват да биде пик-ап верзијата Кангу, која овојпат ќе се продава како Kangoo Z.E.