Економија 19. октомври 2020. / 12:20

Регулаторна ги објави новите цени на горивата

Регулаторна ги објави новите цени на горивата

Регулаторната комисија ја донесе одлуката за новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Согласно истата цените на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 0,50 денар/литар

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 59,00 ден/лит, додека на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 61,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со Одлуката од 13.10.2020 година, и со тоа малопродажната цена а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 50,50 ден/лит, и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,109 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 13.10.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 26,754 ден/кг.