Економија 31. јули 2020. / 07:48

Регулаторна денеска треба да соопшти дали ќе остане евтината тарифа и која ќе биде новата цена на струјата

Регулаторна денеска треба да соопшти дали ќе остане евтината тарифа и која ќе биде новата цена на струјата

Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да ја соопшти новата цената на електричната енергија, како и да донесе одлука дали ќе остане еврината тарифа или ќе биде укината.

Во регулаторна, според информациите до кои дојде „Алсат“ во текот на вчерашниот ден се правеа финалните пресметки, околу поднесените трошоци на компаниите од енергетскиот сектор во земјава, критериум по кој се формира крајната цена за граѓаните и компаниите.

Претседателот на комисијата, Марко Бислимоски, неодамна потврди дека сите енергетски компании во земјава, ЕЛЕМ, МЕПСО и ЕВН побарале зголемување на цената на електричната енергија поради зголемените трошоци и намалената потрошувачка, како и проблемите со ликвидноста што ги предизвика пандемијата со Ковид-19.