Наместо капитални инвестиции Владата со ребаланост ќе ги покрива долговите на општините и на Фондовите за пензиско и здравствено осигурување што се влечат со години наназад.
Се кратат 91 милион евра од планираните инвестиции како гасоводот и кличнички центар, а ваквата нова распределба на парите од државната каса за економистите е очекувана. До крајот на годината Владата нема време да ги потроши сите 300 милиони евра, па парите ќе останеа неискористени, а тоа според дел од економистите, е најлошото сценарио за економијата.
„Доколку анализираме дали ваквиот начин е оправдан, можеби тоа било единствената опција за порационално искористување на сретствата да се исплатат долговите. На среден рок мора да обрнеме внимание на планирањето на буџетот и на следење , дијагностицирање и менаџирање со долговите.“ – вели Благица Петрески, институт Фајнанс тинк.
Владата мора да окрие како настанале долговите. И како тие долгови ќе ги следи, зашто може да бидат бунар без дно. Таков е случај со Фондот за пензиско, затоа се потребни темелни реформи, велат економистите. За нив, Владата останува преголем оптимист со новите проекции за растот на економијатата од 2,8 насто.
„Според нашите проекции, бруто домашниот производ е некаде помеѓу оној што е на монетарниот фонд и на Светска банка, 2.2.% заради неикористените капитални инвестиции кои треба да се лус во економијата, но и целокупната незивесност која влијае во инвеститорите и тоа се покажа во минатото.“ вели Петрески.
Доколку се распишат избори, нема да се донесе ниту ребалансот, ниту пак ќе може да се донесе навреме буџетот за следната година. Но Владата има разработено и такво сценарио. Во таков случај ќе се оди со времено финансирање.