Економија 15. мај 2020. / 22:17

Првата странска инвестиција во охридско, „ОДВ Електрик“ се затвора поради заболен од корона

Првата странска инвестиција во охридско, „ОДВ Електрик“ се затвора поради заболен од корона

Коронавирусот ја затвори првата странска инвестиција во охридско-струшкиот регион, „ОДВ Електрик“ со повеќе од 450 вработени, пишува АлфаТВ. Од Центарот за јавно здравје потврдуваат дека корона вирусот е дијагностициран кај едно лице вработено во оваа германска компанија од областа на автомобилската индустрија.

Заразената која одела на работа до 8-ми мај, е со лесна клиничка слика и нејзиното лекување се спроведува во домашни услови. Компанијата во која денес се врши целосна дезинфекција, ќе биде затворена најмалку до 23-ти мај, велат од Центарот за јавно здравје. Од таму додаваат дека ќе се тестираат само оние лица кај кои евентуално ќе се појават симптоми.

Проект менаџерот на компанијата, Огнен Цубалески тврди дека строго се почитувале сите пропишани мерки на претпазливост.

– Според моите сознанија, не постои 100%-на заштита од вируси, но компанијата и сите вработени го даваат својот максимум за да обезбедат безбедна работна средина. Јас лично, како и останатите колеги, не очекуваме да се развијат повеќе случаи на заболени од корона. Појавувањето на првиот случај на заразен од корона грип, не принуди да ја затвориме фабриката,но поради падот на побарувачката на светскиот пазар, „ОДВ Електрик“ планираше да го прекине производството следната недели, вели Цубалески.

„ОДВ Електрик“ произведува за познати купувачи и нивни нарачки. Цубалески отворено зборува и за финансиските загуби на компанијата од појавата на Ковид-19.

-Производството во април и мај е паднато на 1/3 од очекуваното, додека трошоците се непроменети. Во моментов целосниот ефект од запирањето на економскиот живот воопшто не може да се процени, само е јасно дека оваа економска криза ќе биде многу по-силна од сите досегашни економски кризи што ги имаме доживеано после втората светска војна, смета тој.

Фабриката официјално почна со работа на 16 септември 2017 година. Камен темелник беше поставен на 22 септември 2015 од страна на тогашната власт, а инвестицијата е 15 милиони евра.

Целиот текст можете да го прочитате тука.