Граѓаните земаат помала просечна плата за 1200 денари.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2019 година изнесува 24.517 денари, објави Државниот завод за статистика.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2018, изнесува 25.784 денари, со што сега има намалување за 1.200 денари.
Намалување на просечната месечна нето-плата во однос на претходниот месец, е забележано во секторите уметност, забава и рекреација за 21,4 отсто, информации и комуникации 19,8 отсто и трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли за 14,3 отсто.
Премиерот Зоран Заев, во предизборието ветуваше зголемување на просечната плата на 500 евра.