Последната обврзница од 19.5 милиони евра која минатата недела министерот Тевдовски ја продаде на приватните пензиски фондови, отвора низа на недоумици во јавноста. Лидер анализира: Дали приватните пензиски фондови на државата и позајмуваат пари за да се покрие дефицитот во ПИОМ, кој е создаден токму поради постоењето на приватните пензиски фондови?
Македонија во 2005 година направи реформа на пензискиот систем со кој кој се воведе задолжителниот втор пензиски столб, при што 1/3 од парите кој влегуваат во ПИОМ сега одат кај Комерцијална Банка и НЛБ во нивнот втор задолжителен столб, додека 2/3 остануваат во државниот пензиски фонд односно ПИОМ.
Поради таквата реформа денес во ПИОМ има дупка од над 500 милиони евра на годишно ниво. Притоа за државата да ја пополни таа дупка издава обврзници, а апсурдот е дека најголеми купувачи на тие обврзници се КБ и НЛБ втор задолжителен столб. Излегува дека државата се откажа од 1/3 пензиските придонеси за сега да треба да се задолжува кај пензиските друштва од вториот столб. Односно, приватните пензиски фондови на државата и ги позајмуваат парите кои ги земале од неа, но, со висока камата.
Македонија пред некој ден се задолжи за прв пат со 30 годишна обврзница. Нешто што е очигледно е дека каматната стапка по која Македонија се задолжи е релативно висока, изнесува 4,85%. За споредба Германија и нејзината 30 годишна обврзница имаат камата од 1,27%, што е скоро 4 пати помала каматна стапка на задолжување од Македонија.
За развиени држави како Германија задолжување на 30 години со каматна стапка од 1,27% е поволно задолжуваање но за држави во развој и пречки во нивниот развој како Македонија задолжување на каматна стапка од 4,85% е неповолно задолжување.
Според економскиот аналитичар Виктор Трифуновски, ваквиот начин на работа не е одржлив на долги стази, и нешти ќе крахира.
-Со ваквиот потег на Владата, со кој средсва на граѓаните за приватно пензиско осигурување се позајмуваат на државниот пензиски фонд, практично Вториот Пензиски Столб е убиен, и само е прашање на време кога истото ќе му случи и на третиот (утре и од таму можат да позајмат пари). На Македонија прво и фали ефикасен пазар на капитал, каде овие средства би биле насочени за попродуктивни цели (пример, производство на струја која толку ни треба, а чија цена очекуваме да биде во пораст). Но бидејки нашиот пазар на капитал е убиен со бесмислено наивни регулативи, можноста за таков пласман во изминативе години беше сведена на теорија. Од овој ден па натаму, секој што ќе уплати осигурување во вториот или третиот пензиски столб, нека смета дека фрлил храна на мртво животно, на мртво тело. Да, законската обврска за префрлање пари во вториот пензиски столб ќе остане, како и нашата добра воља за третиот столб. Но ефектите ќе изостанат, бидејки тие пари се фрлаат во мртов проект кој не создава вишок на вредност, и со тоа неможе да ја врати ниту главницата, а камо ли и каматата која за овие потреби е ненормално висока. Сервисирањето на овој долг ќе биде преку државниот буџет, и државата најмногу што може да направи е трансакцијата со која ќе биде исплаќан овој долг, да оди преку ПИОМ. Така ќе се создаде краткорочна илузија дека ПИОМ може да плаќа кредити со висок камата. Во реалноста, Владата наместо една дупка(ПИОМ) ќе закрпува две дупки (ПИОМ плус т.н „Приватен Пензиски Фонд). Веднаш да се укинат вториот и третиот столб, да им се вратат парите на граѓаните, и да се апелира до идните пензионери да си штедат во најсигурните пензиски фондови, во Австрија, Швајцарија и сл. Оние малкумина кои тоа ќе го направат, ќе бидат спасени од пензиската катаклизма, која денес се одложува со многу скапи кредити, а која ќе ни се случи во нареднава деценија…ако не и порано.. – вели Трифуновски за Лидер.