Економија 08. јануари 2020. / 10:21

(ПРЕСРЕТНАТИ МЕJЛОВИ) СКАНДАЛ: Министерката Нина Ангеловска забранува комуникација со заменичката

(ПРЕСРЕТНАТИ МЕJЛОВИ) СКАНДАЛ: Министерката Нина Ангеловска забранува комуникација со заменичката

Скандалозни меjлови од министерката за финансии, Нина Ангеловска, кои откриваат кривично дело, стигнаа до редакцијата на Економски Лидер.

Во нив може да се прочита како Ангеловска забранува комуникација со нејзината заменичка.

Практично, Ангеловска ги тера и вработените во министерството да прават илегални активности затоа што согласно законот, таа сега има врзан потпис со заменичката назначена од ВМРО-ДПМНЕ.

Прашањето е што сака да скрие Нина Ангеловска?