Јавно ја повикам Владата да ја тргнат таа акциза . Тие донесоа одлука, бидејќи имало пад на цената , донесоа одлука за зголемување на акцизите за два до три денари. Ние плаќаме сега поскапо и да биде иронијата поголема , стигна Закон за акцизи и бараат ново зголемување на акцизите. Ќе бараме од 22 да се врати на 19. Мислам дека одговорна Влада , треба да помогне на граѓаните кога тие се во криза.
Дали сериозна Влада за три години менува тројца министри за финансии, а и три пати менува даноци. Кој ќе инвестира, кој странски капитал ќе дојде, од Македонија има одлив на капитал. Каде се компаниите, нема ниту странски ниту домашни компании. Јавно денеска соопшти амбасадорот на Холандија дека крадат . Затоа имаме само задолжување, пакетот мерки за месец декември не е стигнат и тогаш ќе видите за каква државата станува збор. Еве за проблемот со Бугарија никој не не брани, оти никој не сака корумпирани држави . Економска политика нема во државата, вели Пренџов.
Тој става само патарини и го дере народот со ненормални патарини, ако немате капитални инвестиции немате развој, нема ниту еден проект направено. За два километри автопат се сликаа седум министри, а од тие два километри нема ни два сантиметри.