Со учество од над 43 проценти во БДП, Скопскиот регион е најголемиот чинител во домашната економија, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика,. Во 2016 година за кога излегоа последните податоци, најмало учество во БДП има Североисточниот регион или од овој регионе 5 отсто од сиот БДП.
Поголем бруто-домашен производ по жител, во споредба со просекот, имаат Скопскиот регион со индекс 143.4, Југоисточниот регион со индекс 119.1 и Вардарскиот регион со индекс 105.3. Останатите региони имаат бруто-домашен производ под просекот.
Највисок бруто-домашен производ (во милиони денари) има Скопскиот регион (256.308), по него следи Пелагонискиот (65.057) па Југоисточнио (59.332). Најнизок бруто-домашен производ (во милион денари) има Североисточниот регион (29.655).
Највисок бруто-домашниот производ по жител (МК=100) има Скопскиот регион (143.4), па Југоисточниот (119.1). Веднаш после Југоисточниот е Вардарскиот (105.3). Најнизок бруто-домашен производ по жител има Полошкиот (46.2).