Економија 07. јули 2019. / 21:00

Повторно одложена изградбата на автопатот Скопје-Блаце

Повторно одложена изградбата на автопатот Скопје-Блаце

Наместо оваа пролет, дури во четвртиот квартал годинава се очекува да започне изградбата на првите два, од вкупно 13 километри од автопатот Скопје – Блаце.

Иако министерот за транспорт и врски Горан Сугарески уште во мај најави дека тендерот за избор на изведувач ќе биде објавен во јуни, а изградбата ќе започне на крајот на летото, од Јавното претпријатие за државни патишта велат дека тендерот ќе биде објавен дури во текот на јули, јавува Алсат М.

Тие велат дека основниот проект е готов, а сега се чека позитивен извештај од завршната ревизија.

– Тендерот за градежни работи очекуваме да се објави во текот на јули 2019 година. Основниот проект е готов и се чека позитивен извештај од завршна ревизија, за потоа да се објави тендерот заедно со техничката спецификација. Доколку постапката за избор на изведувач е успешна, очекуваме градежните работи да започнат во четвртиот квартал на 2019 година. – велат од јавното претпријатие.