Економија 26. февруари 2019. / 14:08

Повик за директно субвенционирање на микро, мали и средни претпријатија и занаетчии

Повик за директно субвенционирање на микро, мали и средни претпријатија и занаетчии

Согласно Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2019 година („Службен весник на Република Македонија“ бр. 16/2019), Министерството за економија објави ЈАВЕН ПОВИК за директно субвенционирање на микро, мали и средни претпријатија и занаетчии.

Предмет на јавниот повик е субвенционирање на микро, мали и средни претпријатија и занаетчии преку кофинансирање на 60% од докажаните трошоци согласно условите за субвенционирање за следните подмерки:

1. Финансиска поддршка за микро, мали и средни претпријатија во вкупен износ од 21.000.000,00 денари. ( линк до Услови и потребни документи за аплицирање )

2. Финансиска поддршка за женско претприемништво во вкупен износ од 2.500.000,00 денари. ( линк до Услови и потребни документи за аплицирање )

3. Субвенционирање на трошоци на занаетчии во износ од 4.000.000 денари. ( линк до Услови и потребни документи за аплицирање )

Еден апликант може да користи субвенција само за една од горенаведените подмерки.

Барањата заедно со потребната документација се доставуваат во затворен плик до Архивата на Министерство за економија, ул. “Јуриј Гагарин” 15, Скопје, секој работен ден од 9:00 -15:00 часот.

На пликот треба да стои :

До Министерство за економија

За Јавен повик за директно субвенционирање на микро, мали и средни претпријатија и занаетчии, со назнака „ НЕ ОТВАРАЈ “.

При поднесување на апликацијата секој апликант има право да побара потврда од Архивата за редниот број,датумот и часот на поднесување на апликација.

Доколку барањето се доставува преку пошта како датум на поднесување на барањето ќе се смета датумот кога барањето е пристигнато и заведено во Архивата на министерството за економија.

Разгледувањето и изборот на апликантите кои ги исполнуваат условите утврдени во Јавниот повик, ќе се прави по принципот “ПРВ ДОЈДЕН, ПРВ УСЛУЖЕН“ односно по редослед на поднесување и пристигнување на апликациите во архивата на Министерството за економија за конкретната подмерка за која аплицира.

Доколку средствата за некоја од горенаведените подмерки се исцрпат додека сеуште трае јавниот повик, Министерството за економија ќе објави Известување за исцрпување на расположивите средства на својата веб страна www.economy.gov.mk и на www.konkurentnost.mk.

Барањата за субвенционирање ќе ги разгледува Комисија формирана од министерот за економија.

Во случај да поднесеното Барање за субвенционирање е некомплетно, односно недостасува некој од потребните документи наведени во Условите и потребните документи за аплицирање за конкретна подмерка, Комисијата писмено ќе побара од апликантот да го дополни Барањето со документите кои недостасуваат, во определен рок.

Со цел запазување на принципот “ прв дојден, прв услужен “, за Барањата со некомплетна документација, како датум на поднесување на Барањето ќе се смета датумот и часот на последното дополнување на Барањето преку архивата на Министерството за економија, односно датумот кога Барањето за субвенционирање ќе биде целосно комплетирано.

Комисијата го задржува правото пред одлучување за доделување на средства да изврши увид кај претпријатието кое аплицира со цел да утврди дали докажаните трошоци за набавка на опрема и алати соодвествуваат со фактичката состојба.

Крајниот рок за аплицирање по овој јавен повик е до 31.05.2019 година.

Апликациите кои ќе пристигнат по завршувањето на рокот за аплицирање нема да бидат разгледувани.