Економија 10. декември 2020. / 12:08

Потрошувачката во домаќинствата се зголемила за речиси 900 денари во рок од една година

Потрошувачката во домаќинствата се зголемила за речиси 900 денари во рок од една година

За речиси 900 денари пораснале трошоците само за сметки и храна на домаќинствата за период од една година. Според пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија, во ноември годинава едно просечно четиричлено семејство за храна и пијалоци требало да одвои 507 денари повеќе отколку истиот месец лани. Додека трошокот за комуналии се зголемил за 378 денари.

Поскапувањето на основните продукти е забележително и за граѓаните.

Според податоците за ноември, за задоволување на основните потреби на едно просечно четиричлено семејство му се потребни најмалку 33.742 денари, што е за 1.016 денари повеќе од истиот месец лани.

Дека поскапуваат основните прехранбени продукти потврдуваат и податоците од Државниот завод за статистика, според кои на годишно ниво најмногу пораснала цената на маслото за речиси 15%, а позначајно поскапеле и зеленчукот (за 12,5%) и овошјето (за 5,8%).