Економија 12. февруари 2021. / 12:13

Постои ли опасност од нов корона кластер: Администратиците одат на работа и покрај спротивните препораки на Комисијата

Постои ли опасност од нов корона кластер: Администратиците одат на работа и покрај спротивните препораки на Комисијата

Две недели откако Комисијата за заразни болести даде препорака адмистрацијата да продолжи да работи од дома и во смени, Владата не излегува со одлука истата да се применува.

Оттогаш наваму Владата има одржано неколку седници, но ниту од една од нив нема одлука за препораката на Комисијата за заразни болести ниту пак дала понатамошни упатства за справувањето со Ковид-19.

Работата во државна и јавна администрација, општините и судовите, согласно принципот на работа и работниот процес, организирањето на работата останува иста, да се одвива во смени или онлајн од дома или, пак редуцирано со систем на ротации зависно од карактеристиките на работниот процес на институциите. Во овој момент, здравствената ситуација со ковид-19 е само стабилна, но не и намалена и поради тоа не е дадена никаква препорака за олабавување на мерките и препораките. Граѓаните да продолжат да ги почитуваат мерките за заштита, затоа што даваат резултати“, се велеше во препораката од Комисијата за заразни болести, пред две недели.

Но, и покрај ваквата препорака, администрацијата се врати на работа и претставува закана од формирање нови кластери на заразени со оглед на тоа што во одредени јавни и државни институции во една просторија има концентрација на поголем број вработени.

Како што дознаваме некои од институциите повторно ротираат, но поголем дел одат на работа .
Една од најзагрижувачките е состојбата во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Сите вработени се вратени на работа по 25 јануари со известување дека „состојбата со Ковид-19 очигледно се стабилизирала“.И со тоа вработените кои ротираа со смените сега се вратени во режим на нормална работа, па така администрацијата учествува со целосна персонална исполнетост на објектот.

Медиумите исто така објавија дека официјално Град Скопје применува ротација на вработени по Сектори и одделенија, но само на хартија и само за седниците на Советот.

Така на пример во просториите на Град Скопје, и покрај тоа што јавно декларирано Градската управа ги спроведува мерките за заштита од Ковид-19, во реалноста најголем дел односно речиси сите вработени работат присутни во просториите, без имплементиран систем за ротација на вработените во сектори. Според кажувањата на вработени од градската управа, во некои канцеларии е катастрофална состојбата, бидејќи цели сектори одат редовно на работа, а некои од канцелариите се пребукирани, односно со поголем број од препорачаниот, напиша Инфомакс

Веќе имаат случаи кога од вработените или блиски на нив се веќе заболени од Ковид-19 и оправдано имаат земено боледување и одмори, па вработените во пренаселените канцеларии во градски парк стравуваат дека наскоро може да се создаде жариште кое нема да може да биде сопрено.

Револтот е голем кај вработените, затоа што додека градоначалникот Шилегов учествува на седници на Советот он-лајн преку апликација од кога се стапени на сила мерките против Ковид-19, сите вработени се приморани да одат на работа.