Цените на угостителските услуги во јуни годинава бележат зголемување од 0,2 отсто во однос на тој месец лани. Зголемување од 0,4 отсто има и на индексот на цените на угостителските услуги во периодот јануари-јуни годинава во споредба со тој период лани.
Според податоците на Државниот завод за статистика, споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите храна за 0,2 отсто и безалкохолни пијалаци за 1,4 отсто, додека во групата ноќевања е забележано намалување за 0,2 отсто.
Индексот на цените на угостителските услуги во јуни 2020 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0,6 отсто.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – јуни 2020 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0,4 отсто, додека во однос на декември 2019 година е зголемен за 0,4 отсто.