Економија 20. февруари 2020. / 10:43

Поради технички пропуст го повлекуваме текстот за „Групер“ и се извинуваме на компанијата

Поради технички пропуст го повлекуваме текстот за „Групер“ и се извинуваме на компанијата

Почитувани, утринава на „Лидер“ излезе информација дека компанијата „Групер“ без да поседува лиценца продава туристички аранжмани.

Сепак, се работи за технички пропуст со кој несакајќи и нанесовме штета на оваа компанија која е во сопственост на министерката за финансии Нина Ангелевска.

Имено, во регистарот на компании со лиценци за оваа дејност, нигде не стои групер но стои компанијата ВЕБСПОТ ДОО која има Лиценца А, рег. бр. 13-753/2. Оваа компанија е издавач на „Групер“, а не компанијата „Групер“ која исто така постои во централниот регистар, но веќе подолго време не е издавач на оваа веб страница.

Се работи за пропуст на тимот на „Економски Лидер“, во кој мислевме дека називот на компанијата е стариот, а не новиот издавач на „Групер“. Вакви пропусти се случуваат во нашата работа и фер е да се извиниме. Текстот не стоеше на страницата повеќе од 30 минути.

Ова е втор случај во историјата на „Лидер“ да повлечеме текст и да се извиниме.

Редакција Лидер.