Економија 20. ноември 2020. / 15:25

Половина од туристичките ваучери се неискористени, рокот истекува на 15 декември

Половина од туристичките ваучери се неискористени, рокот истекува на 15 декември

Слабата реализација на ваучерите за годишен одмор кои граѓаните ги добија од државата засега не ги премислува надлежните да го продолжат рокот за нивно искористување и следната година, пишува Алсат.

Во изјава за телевизијата, од Агенцијата за промоција на туризмот сметаат дека искористеноста на ваучерите можело да биде поголема, па директорот Љупчо Јаневски е на мислење дека рокот треба да се продолжи во текот на целата зима.

-Сметам дека над 50 илјади ваучери коишто не се искористени треба да им биде продолжен рокот доколку е можно. Во овој момент нашите ски-центри не се затворени, а ваучерите може да се користат до средината на декември, рече Јаневски.

Од Министерството за економија велат, парите предвидени за оваа намена не може да се префрлат за догодина.

-Министерството за економија средствата за оваа намена ги има обезбедено во Буџетот за 2020 година што значи дека истите нема да можат да се користат во 2021, се наведува од Министерството за економија.

Инаку рокот, истекува на 15 декемри.

Податоците велат дека од 110 илјади ваучери колку што добија граѓаните за годишен одмор, се искористиле само 43 илјади.

Целиот текст можете да го прочитате тука.