Економија 25. април 2018. / 13:48

Покренато барање за стечајна постапка за АД Топлификација

Покренато барање за стечајна постапка за АД Топлификација

Денес до Основен суд 2 поднесено е барање за стечајна постапка на АД Топлификација од страна на акционери во компанијата заради повеќегодишен ненадмирен долг, објави  Е магазин.  Според извори од акционерите, долговите на компанијата не се исплаќаат повеќе од 5 години поради тоа што АД Топлификација е постојано со блокирана сметка заради милионски долгови кон различни банки и компании, вклучувајќи ги и акционерите.