Економија 24. февруари 2020. / 14:03

Почна со работа интернет агрегатор со понуди од сите туристички агенции на едно место

Почна со работа интернет агрегатор со понуди од сите туристички агенции на едно место

Почна со работа првиот интернет агрегатор за туристички агенции „Кајак.мк“. Целта на проектот е да се олесни начинот на пребарување понуди за патувања до одредени дестинации, но и да помогне да се пронајдат превозници со редовни линии или за изнајмување превозни средства за приватни потреби.

На сајтот http://www.kajak.mk се објавуваат и вести поврзани со туризмот, а на корисниците им се овозможува и директен разговор со лицата кои работат на проектот, кои може да им понудат корисни совети на посетителите.

Од „Кајак.мк“ велат дека платформата почнала како пилот-верзија со цел да согледат што е тоа што треба да трпи промени, но и да ги слушнат барањата на патниците кои постојано пребаруваат. Најважни за нив се мислењата и очекувањата од туристичките агенции.

Според нив, страницата е добро дизајнирана, но најавуваат дека во престојниот период ќе бидат вметнати нови и свежи алатки за поедноставување при пребарувањето или советувањето.

Она што е од исклучителна важност за патниците е „Last minute“ категорија, за која во моментов разгледуваме начин за имплементација во системот. Таа треба да биде ефикасна, брза и точна. Летото ни доаѓа, а со тоа доаѓа и доста работа. Не сакаме да ја изгубиме довербата на клиентите кои веќе стекнаа навики да пребаруваат исклучиво на Кајак, а според досегашната бројка на посетеност верувајте дека сме и повеќе од задоволни – велат од „Кајак.мк“.

Од таму посочуваат дека агрегаторот додал и нова категорија наменета за превозниците, која, како што прецизираат, во моментов постепено се ажурира. На почетната страница, може да се најдат сите ново и свежо објавени понуди од сите туристички агенции, а воедно и да се пребаруваат понуди по дестинации.